Несторовски промаши важен пенал, Палермо освои бод во Венеција (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Палермо не успеа да освои три бода на гостувањето кај Венеција, откако одигра 1-1 во рамки на 27. коло од италијанската Серија Б, а македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски имаа солиден меч.

Венеција по половина час игра стигна до водство од 1-0, а во финишот од вториот дел Несторовски избори пенал, но не успеа да го реализира.

Сепак, честа на гостинската екипа ја спаси Пушкаш во 84. минута кога ги постави конечните 1-1, па сега тие остануваат на втората позиција на табелата.

Вреди да споменеме и дека Трајковски играше до 77. минута од мечот, но не успеа да ја затресе мрежата на тимот од Венеција.