Несторовски со два гола и асистенција го реши Карпи! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Илија Несторовски одигра фантастичен меч против Карпи, откако го предводеше Палермо до важен триумф од 4-1.

Капитенот на Палермо тргна во мечот со фантастична асистенција за предност од 1-0, а потоа погоди и за водство од 2-0.

Карпи на стартот на вториот дел намали на 1-2, но потоа Александар Трајковски му асистираше на Пушкаш за водство од 3-1.

Несторовски експлодираше во финишот, откако успеа да погоди и по вторпат на мечот, па така ги постави конечните 4-1. Тоа за македонскиот напаѓач беше деветти гол во италијанската Серија А сезонава.

Палермо во моментов се наоѓа на втората позиција во лигата со 49 бодови, односно еден помалку од лидерот Бреша.