Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вториот тенисер во светот, Енди Мареј изјави дека не е воодушевен со планот да финалето на Дејвис купот и Фед купот бидат организирани на неутрален терен.
ИТФ предложи измени во елитните натпреварувања, според кои градови од цел свет би можеле да се кандидираат за организација на финалињата.
„Играњето на свој и гостински терен во Дејвис куп е нешто во што уживам и што го прави натпреварувањето посебно.“
Процесот на кандидирање на градови за организација на финалето започнува во декември оваа година, а конечна одлука ќе биде донесена наредното лето.
„Не сум воодушевен од идејата за играње на неутрален терен, ми се допаѓа атмосферата каква што ја имаме во Дејвис купот во моментот. Тоа е нешто на што, ние тенисерите, навикнавме бидејќи кога играме низ цел свет, тоа е за нас е неутрален терен.“
Покрај тоа, предложено е натпреварите од Дејвис купот да се скратат од 5 на 3 сетови и финалињата да се играат во тек на 2 дена, а не 3, како што е во моментов.
Мареј тој предлог го поддржа, но не и остатокот.
„По играњето на ОИ, Синсинати и на УС Опен, ми беше тешко да поминам 10-11 часа во тек на 3 дена на теренот во дуелот со Аргентина. Многу тенисери зборуваа за тоа, за можноста на измена на форматот, да се игра само во викенд, во три сетови, и ми се допаѓа таа идеја. Ако не функционира, секогаш можеме да се вратиме на старото. Пробување на нешто ново би дало нова димензија во ова натпреварување.“
Англичаните минатиот викенд беа поразени од Аргентина во ½-финалето на Дејвис купот,а во четврток ќе дознаат со кој ќе играат во првото коло наредната година.