„Нешто ми ставија во пиењето!“

Напаѓачот на Стоук, Берахино се правдаше за суспензијата по позитивниот тест на дрога со зборовите дека некој „му ставил нешто“.

Берахино падна на тестот на дрога и ФА му одреди 8 недели забрана за играње пред доаѓањето во Стоук од ВБА во јануари.

„Да се биде казнет за нешто што не сте го направиле е многу тешко. Излегувате надвор, не знаете кој е околу тебе и дека таму луѓето чекаат да ти наштетат.“

„Признавам неодговорност затоа што бев во ноќен клуб. Од тогаш работите се срушија и ден денес не можам да сфатам кој би сакал да ми направи такво нешто.“