Нејмар во стил го прослави 27. роденден, Мбапе и Алвес доминираа на сцената


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар денес го слави својот 27ми роденден, а синоќа за своите соиграчи во ПСЖ приреди голема забава.

Нејмар моментално се наоѓа надвор од теренот поради повреда, а сигурно ќе остане надвор од терените барем уште еден месец. Но, најде начин да ги собере своите соиграчи и организира роденденска забава.

Бразилецот ги покани повеќето од фудбалерите на ПСЖ, а во центар на вниманието беа Дани Алвес и Килиан Мбапе. Алвес дури го земал микрофонот и запеал, а Мбапе имал интересна кореографија со Нејмар.

Алвес покажа колку сака да пее, а очигледно има што да работи и после завршувањето на кариерата додека за танцувачките сподобности на Мбапе не треба ни да се зборува.