Нејмар најави трансфер во Премиер Лигата?


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Бразилската супер ѕвезда од редовите на ПСЖ, Нејмар, во интервју за  неговиот Јутуб канал одговараше на најразлични прашања поврзани со неговата кариера.

Интересно е што прашања му поставуваа поранешни и сегашни фудбалери, а Нејмар доби интересно прашање од фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди.

На прашањето дали би заиграл во англиската Премиер лига, бразилскиот ас даде одговор кој сигурно ќе ги „загрее“ гигантите од Англија.

„Тоа е големо натпреварување, едно од најдобрите во светот. Не се знае што ќе се случи утре, но верувам дека секој голем играч мора да заигра во Премиер Лигата барем еден ден. Се надевам дека ќе уживам играјќи во Премиер лигата“- заклучи Нејмар.