Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
ПСЖ ја прегази Ѕвезда во Париз со високи 6-1, а Нејмар постигна три погодоци. После средбата имаше само пофални зборови за играта на својот тим.
„Игравме подобар фудбал, ја покажавме желбата за победа и на крајот победивме. Затоа што знаевме дека нема да биде лесно игравме со појако темпо“, рече Нејмар и додаде:
„Не е ова само за мене најдобар меч, туку за целиот тим. Не е важно кој ќе ги постигне головите, иако сум среќен кога и јас постигнувам погодоци“, рече Нејмар
.Да потсетиме, ПСЖ сега го очекуваат два меча против Наполи кои ќе бидат важни за одредување на судбината во групата каде што е и Ливерпул.