Нејмар се огласи по шпекулациите за негово незадоволство во ПСЖ


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


По натпреварот помеѓу Бразил и Јапонија, Нејмар пред новинарите одговараше на прашања поврзани со последните написи во медиумите дека не е среќен во Париз и дека се подготвува за промена на средината.

Сепак, Бразилецот ги негираше сите шпекулации и истакна дека многу е среќен во дресот на ПСЖ.

„Среќен сум во Париз. Бројките зад моето име се перфектни. Мотивиран сум да бидам играч кој дава се од себе на теренот. Ми пречат написите во медиумите. Немам никакви проблеми со Кавани, не дојдов во ПСЖ за да правам неволји туку дојдов за да им помогнам на сите на теренот. Навистина ми пречи што се пишува тоа, затоа ве молам да престанете со тоа затоа што се е во ред“- коментираше Нејмар.