„Не верувајте во тоа што ќе прочитате за Тевез“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карлос Тевез денеска и официјално стана нов фудбалер на Шангај, со кој потпиша двегодишен договор.

Тевез со овој трансфер наводно стана најплатен фудбалер на светот, но информациите дека годишно ќе заработува 40 милиони евра сепак не се вистинити.

Бројни кинески медиуми, посебно тие највлијателните, порачаа дека луѓето од Европа да не веруваат баш во се што ќе прочитаат за Тевез, и дека не е точно дека ќе заработува толку пари.

Како што се наведува, реалната плата на Тевез е 20 милиони евра по сезона, што е дупло помала сума од таа која со денови поминува низ медиумите.

Без оглед на тоа, јасно е дека 32-годишниот Тевез исклучително ќе профитира од доаѓањето во Кина и дека убаво ќе наплати се што направи во оваа се поатрактивна држава за старите светскии фудбалски ѕвезди.