„Не го удрив судијата намерно!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Шарлот и Оклахома го одбележа сцена пред крајот на првата ¼-на во која главен актер беше Расел Вестбрук.

Најдобриот играч на Оклахома се најде во центар на внимание и тоа поради техничка грешка која ја заработи по лош потег.

Тој го погоди судијата со топка, поради што доби казна.

„Го повикав по име. Се сврте кон мене, а потоа го тргна погледот. Не знам што да ви кажам, не сум таков човек, никогаш не би покажал непочитување кон некого. Никогаш во животот го немам тоа направено тоа.“

Вестбрук постигна 33 поени, 15 скокови и 8 асистенции, но на крајот Оклахома изгуби.