„Не е само до мене, ниту други тренер не можат да му помогнат на Јунајтед“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкотскиот тренер, Дејвид Мојс беше еден од тренерите кои помина тешки моменти во претходните години.

Поточно, тоа беше период кога Мојс ја доби најголемата шанса во животот – да го води Јунајтед.

Тоа место му беше дадено по заминувањето на Фергусон, но Мојс не успеа да постигне ништо.

Јунајтед по прв пат по долго време не успеа да избори ЛШ, а навивачите беа лути поради овој неуспех.

Мојс не издржа, па доби отказ по неолку недели при крајот на сезоната.

Денес тој е тренер на Сандерленд, а вели дека односот на Манчестер кон него не бил чесен.

„Дефинитивно не беа фер. Мислам дека треба да се погледне и да се признае дека и други тренери доаѓаа и заминуваа и дека и на нив им беше многу тешко.“

„Мислам дека е потребно време за да се смени тимот. Никој не може да биде како Фергусон. Јунајтед има одлични играчи, но постојат некои кои се пред крајот на својата кариера.“

Да потсетиме дека по Мојс на клупата на Јунајтед дојде Ван Гал, кој остана 2 сезони во тимот, но без многу успех.