Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот играч за врска славеше во конкуренција на Кристијано Роналдо и Мохамед Салах, а Кристијано не присуствуваше на доделувањето на наградата.
Иако многумина веднаш го дочекаа „на нож“ овој потег на португалската ѕвезда, Модриќ откри дека дека Роналдо му честитал на освојувањето на наградата.
„Имам добар однос со Кристијано. Откако ја освоив наградата, тој ми прати порака со честитки. Напиша дека е среќен што сум награден и се надева дека ќе се видиме што поскоро“, изјави Лука.
Роналдо ќе му биде главен конкурент за Златната топка и трофејот на ФИФА за најдобар играч на светот, а Модриќ на прашањето дали ќе славе во овие два избори тој рече:
„Драго ми е што сум во најтесен избор. Двете награди се мнгоу важни, но колективните награди се многу поважни од индивидуалните“, истакна тој.
Претходните десет години во избор за најдобар фудбалер на светит доминираа Меси и Роналдо со по пет награди. Меси сега не е во конкуренција, а Роналдо после долго време не е конкурент.