Не знае каде сака: Халиловиќ по само еден месец сака да си замине од Милан

Најавите од Шпанија носат сензационални вести кои говорат дека Ален Халиловиќ сака да си замине од Милан.

Хрватот се пресели во Милан како слободен агент пред само еден месец и потпиша тригодишен договор со тимот од Милан.

Сега „Мундо Депортиво“ пренесува дека со пристигнувањето на Кастаљехо и Лаксалт, Халиловиќ бил убеден дека ќе биде само резервна опција во Милан.

Еспањол и Жирона веќе се распрашале за 22 годишниот фудбалер кој би пристигнал во клубовите како позајмен фудбалер.