Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол изјави дека Жозе Мурињо може да биде задоволен од првата сезона на Олд Трафорд.
Манчестер Јунајтед во оваа сезона под палката на Мурињо веќе освои два трофеи и се пласираше во финалето на Европската лига, меѓутоа за навивачите е разочарувачки фактот дека клубот ја заврши сезоната дури на шестата позиција во лигата.
И додека многумина со доза на критики Мурињо го споредуваат со оспоруваниот Ван Гал, Џо Кол смета дека Португалецот веќе направил добра работа.
„Не само што мислам дека Мурињо беше успешен, тој веќе е тоа. Гледав како некои поранешни играчи го критикуваа, но не знам зошто. Ако ја освои и Европската лига, тогаш после Конте е втгор менаџер во сезоната“, рече поранешниот играч на Челси, и додаде:
„Шести во лигата? Тоа стои, но стигна далеку во Европа и тоа се почувствува. Ако испаднеше порано, сигурно ќе добиеше повеќе натпревари во првенството“, мисли Кол.
Шанса да освои нов трофеј Мурињо ќе има во среда, кога во Стокхолм ќе игра финале на европската лига меѓу Манчестер Јунајтед и Ајакс.
Црвените ѓаволи со освојување на Лига Европа може да си осигураат директен пласман во групната фаза на ЛШ.