Не му гледам низ прсти на Озил


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер застана во одбрана на Месут Озил кој е на удар на навивачите.

Германецот во натпреварот против Манчестер Сити се шеткаше по теренот, а на тоа му замерија навивачите на Арсенал кој му порачаа дека на таков начин нема да добие договор кој ќе го направи најплатен во клубот.

„Тешко ми е јавно да зборувам за поединци. Не слушнав критики, но сигурно дека мораме да ги прифатиме. Луѓето анализираат, имаат мислење и тоа е нормално. Мораме да им одговориме на нив, а големите фудбалери на теренот секогаш одговараат на критиките“, изјави Венгер.

„На Озил не му гледам низ прсти. Кога тимот ја нема топката тој мораше да ја заврши работата како и сите други. Тој е лош кога ја немаме топката, а против Манчестер Сити ја немавме доволно. Но, ако ја сакате топката мора да ја освоите. Озил работи повеќе отколку што луѓето мислат“, заврши Венгер.