Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Го одби Манчестер за да потпише за Монако
Јури Тилеманс потпиша за Монако, но тоа што е помалку познато е дека два клуба од ПЛ се одбиени.
Јури Тилеманс е ново засилување за Монако, Кнежевците добиле многу добар фудбалер на средината на теренот кој може доста добри работи да им донесе во наредната сезона.
Денеска спортскиот директор на Андерлехт Херман ван Холсбек истакна дека Монако заврши се и дека Тилеманс е рекордер на Андерлехт.
„Вредноста на трансферот е 25 милиони евра, со бонуси. Медицинските прегледи се закажани за вторник или среда. Монако е вистински клуб за Јури“, рече ван Холсбек.
Додаде и дека одби многу клубови, а најинтересна била понудата од Манчестер Јунајтед.
„Во минатата сезона ми рече дека не сака во Манчестер Јунајтед каде што би бил само број“, истална Холсбек.