Не се несогласувањата причината веќе милиони – Коста доби чудесна понуда од Кина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Сините има одредени несогласувања со клубот, се може да резултира поприлично лошо по Челси.

Пишувавме дека Диего Коста е во конфликт со тренерот Конте и медицинскиот персонал на екипата од Стенфорд Бриџ поради недоразбирањата на персоналот за болките во грбот кои се појавија кај напаѓачот.

Многумина веќе споменуваат дека поради се тоа Коста може да го напушти клубот, но сепак се чини дека тоа не е вистинската причина за кавгата.

Имено, Коста доби чудесна понуда од неименуван кинески клуб, според тоа би требало да заработува 30 милиони фунти на годишно ниво.

Поради ваквата понуда од најнаселената земја на светот, Коста изгледа почна да се премислува за останување на Бриџ, и на крајот дојде и до горе-споменатата кавга.

Медиумите во Британија пишуваат и дека Коста нема да биде во составот на Челси за мечот со Лестер во 21 коло во Премиер лигата, познавајќи го Конте кој не трпи вакви работи, тоа навистина може да се случи.

Сепак,к Коста има уште две години од договорот со моменталниот тим од ПЛ, а сопственикот на клубот Роман Абрамовиќ изјави дека не сака да замине својот најдобар напаѓач.