„Не се плашиме и сакаме да дојдеме до добар резултат против Италија“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Нашата репрезентација во петок ќе ги одмери силите со Италија во квалификациите за Светското првенство, а нашиот напаѓач Илија Несторовски се огласи пред наптреварот..

Тој изјави дека верува во тимот и дека нашата репрезентација не се плаши од Италија.

„Немам добри сеќавања од последните натпревари, кога постигнав гол и погодив пречка, но тоа не ни помогна да постигнеме позитивен резултат“, изјави напаѓачот на Палермо.

„Победата е она што е најважно, не е важно кој ќе постигне гол. Играме добро и веруваме дека можеме да направиме изненадување. Природно е тоа што сум возбуден пред натпреварот, бидејќи играм во Италија и сакам да одиграм добро против нив. Не се плашиме од ниту еден нивни играч,“ истакна Несторовски.