Не се појави противкандидат: Инфантино ќе остане претседател на ФИФА!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џани Инфантино ќе остане претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА) уште четири години, зашто на изборите не се кандидираше ниту еден противник.

Инфантино беше единствениот човек со неопходни пет номинации, а најголем број членови на ФИФА ќе го поддржат на петти јуни на изборите.

Адвокатот од швајцарија има 48 години, а претседател на ФИФА стана во февруари 2016 година, кога го смени Сеп Блатер, поради финансиски малверзации.

Под Инфантино беше решено Светското првенство во 2026 година да се прошири на 48 тимови, а домаќинството на тоа натпреварување го добија САД, Канада и Мексико.