Не се само шпекулации: Модриќ побарал средба со Перез, посакува трансфер во Интер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера како бомба одекна веста дека од Интер подготвуваат понуда за најдобриот играч на Светското првенство, Лука Модриќ.

Оваа вест многумина ја зедоа со доза на резерва велејќи дека е чиста шпекулација, но по се изгледа тоа не е така.

Имено, како што пренесуваат најдобрите новинари во Италија, Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо, Хрватот побарал средба со Флорентино Перез за да му каже дека сака нов предизвик во кариерата.

Од Интер пак ќе почекаат до понедленик, за кога е закажан состанокот меѓу Перез и Модриќ за да видат што понатаму. Инаку, Нероазурите практично го стопираа договорениот трансфер на Алексис Видал од Баерн, најмногу поради тоа што застапниците на Модриќ реагирале позитивно откако им пристапиле оперативците на Интер.

Што ќе се случи ќе дознаеме најдоцна до понеделник.