Не се смируваат страстите после големото дерби: Дали ни е потребна крв?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако истакна задоволство што неговиот тим после двата дуели со Сити има четири бодови предност, Јирген Клоп никако не може да биде задоволен со судењето во големото дерби.

Имено, темпераментниот Клоп го допре ситуацијата од првото полувреме, кога Винсент Компани ја запре првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах и заработи жолт картон.

Клоп смета дека Компани заслужил исклучување, што секако би ја променил ситуацијата на теренот.

„Го сакам Компани како играч, но како она не беше црвен картон? Беше последен играч и направи старт над Салах. Да беше појак удар, можевме да го изгубиме Салах до крајот на сезоната. Дали ни е потребна крв?“, се запраша Клоп.

Занимливо е дека Компани смета оти Салах одглумил, па после натррепварот и жестоко го навреди.

„П**ко“, го почасти Салах со навреда, стоперот на Сити.