„Не се шпекулации, Џерард го сака мојот клуб и можеби ќе дојде!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Стивен Џерард полека ја завршува својата епизода во Лос Анџелес Галакси. Легендарниот фудбалер на Ливерпул во последните 2 години престојуваше во МЛС лигата и во декември му завршува договорот, а сега се шпекулира за неговата иднина.

    Наводно, постои можност тој да се пресели во Селтик.

    „Кога некои големи имиња се поврзуваат со тимовите од Шкотска, луѓето вообичаено велат дека тоа е невозможно. Со него не е таква работата. Не мислам дека е невозможно да дојде, тоа не се само шпекулации.“, изјави познатиот фудбалер на Селтик, Енди Ланч.

    Тој вели дека Џерард го сака Селтик.

    „Јас се изненадив  кога на полувремето на Стоук-Ливерпул ми кажа дека е навивач на Селтик. Со многу страст ми зборуваше за клубот. Сите знаат колку Џерард го сака Ливерпул, не велам дека Селтик го сака повеќе, но со многу возбуда зборуваше тој ден. Дури кажа дека има намера да дојде и да гледа некои натпревари ако има шанса.“

    Од друга страна, навивачите на Ливерпул очекуваат легендата да дојде на клупата заедно со Јирген Клоп.