Не успеа да го победи Мурињо, па тоа го чинеше отказ … (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубот кој три месеци не знае за победа во Премиер лигата.

Ретко кој би помислил дека постои некој тренер кој ќе заработи отказ откако не успеал да го победи Жозе Мурињо.

Се случи и тоа, иако Португалецот не е баш директен виновник бидејќи во Саутемптон се „крчкаше“ веќе подолго време.

По ремито со Јунајтед, 2:2, „Светците“ денес соопштија дека Марк Хјуз добил отказ по низата лоши резултати во Премиер лигата.

„Му се заблагодаруваме на Марк и неговиот стручен штаб и нивниот труд кој го вложија. Клубот веќе е во потрага по нов менаџер, а асистенот Келив Дејвис ќе го предводи тимот во следниот меч кој се игра во среда против Тотенхем во Лондон“, гласи соопштението од Саутемптон.

Клубот се наоѓа на 18. место со девет освоени бодови, па е јасно дека промената беше и повеќе од потребна.