Не успеа да се пресели во Ливерпул, сега е пред трансфер во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Англија и Франција пишуваат дека фудбалерот на Лион, Набил Фекир би можел да биде решение за офанзивниот дел на Реал Мадрид.

Фекир одлично ја започна новата сезона во француското првенство и е еден од предводниците на Лион, тим кој исто така има феноменален старт на сезоната.

Фекир минатото лето беше пред трансфер во Ливерпул, но тогаш до договор не дојде, па сега од Реал ќе се обидат да го донесат освојувачот на Светското првенство со репрезентацијата на Франција.

Наводно, и новата седумка на Реал Мадрид, Мариано Диаз ќе се обиде да влијае врз Французинот тој да се пресели на „Бернабеу“.