Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Малку се тие кои веруваат дека Барселона може до пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите после дебаклот во Париз, но еден статистички податок укажува на тоа дека Каталонците не треба однапред да се отпишат.
После дебаклот кој шампионот на Шпанија го доживеа на гостувањето кај Пари Сен Жермен во првиот меч од осмина финалето на ЛШ многумина светците веќе ги прогласија за прв учесник во четвртфиналето.
Барселона во реваншот ќе проба да направи еден од најголемите пресврти во модерниот фудбал и да надомести четири гола заостанување што ќе им овозможи продолжувања и евентуални пенали.
Еден статистички податок од групната фаза од ЛШ сепак дава надеж на навивачите на Барселона дека се може до чудо, а се однесува на учинокот на каталонскиот состав во мечевите на домашен терен.
Каталонците на три одиграни натпревари на Ноу Камп во рамките на групната фаза од Групата Ц ги совлада Манчестер Сити, Борусија Мехенгладбах и Селтик со постигнати 15 голови а притоа не примија ниту еден!
Да потсетиме, Граѓаните и Гладбах се испратени од Барселона со по четири парчина во мрежата, додека Селтик од Роџерс прими седум голови!
Не ја отпишувајте Барселона пред што остатокот од реваншот не биде завршен.