Ники Лауда заврши во болница – здравствената состојба му е многу лоша!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите возачи во Формула 1 на сите времиња, Ники Лауда повторно заврши во болница поради лошата здравствена состојба.

Здравствената состојба на Лауда се влошила, поради што морало да биде итно префрлен во болница во Виена. Во моментов се наоѓа на дел за интензивна нега и се наоѓа под надзор на доктори.

Според австриските медиуми, Лауда ќе остане во болница најмалку седум дена, па докторите ќе ја следат неговата состојба.

Поради слични проблеми Лауда заврши во болница и пред неколку месеци, но за среќа тогаш немаше никакви последици.

„Минатото лето Лауда поради тешка состојба доби трансплантираното белодробно крило. Операцијата траеше пет часа, а Лауда се чувствуваше добро по неа. Сепак, и најмала настинка може да му направи проблеми“, соопштија од болницата.