Никогаш нема играно плејстејшн, не сака ноќни клубови и редовно постигнува голови за Ливерпул!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Садио Мане е во одлична форма во финишот од сезоната, па Ливерпул во моментов зависи од неговите погодоци.

Мане е скромен и помага на муслиманската заедница на Островот, ретко излегува на ноќни забави, а неодамна откри дека никогаш не играл Плејстејшн.

„Никогаш не сум играл, не ми се допадна тоа од самиот старт. Тоа е губење време, нема ништо да добијам со тоа“, кажа напаѓачот.

Последен пат во ноќен клуб бил во Салцбуг, кога со Ред Бул ја славел титулата пред преселбата во Англија.

„Не сакам забави и не размислувам за тоа, нема да постигнам ништо доколку не бидам најдобар фудбалер“, смета Сане.