„Никогаш не би платил толку многу за Кристијано Роналдо“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, кажа дека никогаш не би потрошил многу пари на играч како Кристијано Роналдо.

Јувентус неодамна го ангажираше Португалецот за 112 милиони евра и му даде четиригодишен договор со плата од дури 30 милиони евра.

Румениге порача дека тоа не е филозофија на Баерн и дека трансферот го изненадил. Сепак, смета дека Јуве не постапил лошо.

„Ако цените на фудбалерите се преголеми, тогаш виновни за тоа се Манчестер сити и ПСЖ. Погледнете само што направи Реал Мадрид во последните неколку години без да потроши многу пари. Роналдо? Изненаден сум со тоа што Андреа Ањели се реши на таков трансфер, но од нивна перспектива има логика“, вели Румениге.