Никогаш не сме го виделе Ибрахимовиќ вака тажен и разочаран


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На тимот на Лос Анџелес Галакси синоќа им требаше победа за да стигнат до осмото место кое води до доигрување, но после шокантниот пресврт беа поразен.

Домашниот тим после првото полувреме водеше со 2-0, и почнаа полека да слават, но Хјустон во продолжението на мечот успеа да направи пресврт и да победи со 3-2.

Фудбалерите на Галакси после завршувањето на мечот беа во голем шок, едноставно не можеа да веруваат дека испуштија водство од 2-0. Посебно беше разочаран Златан Ибрахимовиќ кој го препороди овој тим со неговото доаѓање.

Сепак на крајот ниту тој не успеа да помогне за да се избегне катастрофата.

После мечот Ибрахимовиќ беше видно разочаран и само седеше на клупата за резерви и гледаше во подот.

Тој оваа сезона одигра 27 натпревари во МЛС и постигна 22 голови и седум асистенции.