Никогаш почуден пенал не е досуден во Франција (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Францускиот второлигаш Ајачио избори финале во плејоф-серијата за пласман во Лига 1, откако го елиминираше Ле Хавре.

Тоа беше чуден натпревар кој беше решен на пенали, а во кој беа видени четири црвени картони и пенал, кој беше премногу чуден.

Во 108. минута гостите беа во напад, а откако не ја реализираа шансата, топката остана во игра, па домашниот фудбалер Матју Котадор во својот шеснаесеник го нападна судијата. Овој го прекина мечот, а потоа досуди пенал за гостите.