Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на ФК Вардар го доби најнепосакуваниот противник во плеј-офот од Лигата на Европа откако по денешната ждрепка беше одлучено да одигра двомеч со Фенербахче.
Сепак кај играчите постои голема доза на оптимизам пред двата натпревари, а еден од најдобрите играчи на Вардар во овие квалификации, Бобан Николов вели дека турскиот гигант не ги плаши и дека и тие имаат своја цел.
„Добивме силен противник, но не се плашиме. Ќе одиме да се надигруваме со нашиот ривал. Станува збор за екипа составена од играчи кои што играле во најсилните првенства и секогаш имаат фудбалски „ѕвезди“. Мислам дека ќе бидат два добри натпревари пред многу публика и во Скопје и во Истанбул. До сега на сите натпревари одевме со цел. Полни со отпимизам сме, веруваме сите дека можеме да го поминеме Фенербахче. Против секој тим ќе дадеме максимум, така ќе биде и на овие два натпревари“- коментираше Николов.