Ниту трипл-дабл на Вестбрук не и помогна на Оклахома – Конечно победа за Кливленд


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Сан Антонио како гостин ја победи Оклахома со 100:95, со одличната игра на Леонард. Тој постигна 28 поени и 8 скокови, а го следеа Гасол со 17 поени и Алдриџ со 14 поени. Вестбрук стигна до 39-от трипл-дабл во сезоната со 32 поени, 15 скокови и 12 асистенции.

Актуелниот шампион Кливленд ја победи Филаделфија и така ја прекина серијата од 3 натпревари со пораз. Џејмс постигна 24 поени,а  Лав постигна 18 поени.

Голден Стејт беше подобар од Хјустон со 107:98, а најдобар во тимот беше Кари со 24 поени и 7 скокови.

Останати резултати:

Торонто – Индијана 111:100
Бостон – Орландо 117:116
Мемфис – Далас 99:90
Мајами – Њу Јорк 94:98
Милвоки – Детроит 108:105
Њу Орлеанс – Сакраменто 117:89
Јута – Вашингтон 95:88