Ниту Јуве, ниту Барса, ниту Реал:  „Рускиот цар“ се сели во Англија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на репрезентативецот на Русија, Александар Головин, Дмитри Аленичев кажа дека не би сакал д аго види својот клиент во некој од најголемите светски клубови.

„Знам дека постои интерес од Јувентус за Головин бидејќи дојде време да заигра во Европа, но не во Италија. Во Јувентус никој не може да ми гарантира место во стартниот состав“, вели Аленичев.

Аленичев вели дека Шпанија е добро место за Головин, но не се Реал Мадрид и Барселона.

„Ако ме прашувате мене, јас би му ја препорачал Шпанија, но не Реал и Барселона, туку сосема некој друг клуб“, објаснува неговиот агент.


Италијанските медиуми пишуваат дека Челси е во пол-позиција за ангажирање на фудбалерот на ЦСКА, каде што наводно ќе добие гаранција дека ќе игра во првиот тим.