Ница го отпушти Балотели, но за нов клуб воопшто не чекаше


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач Марио Балотели овој јануари како и што се очекуваше ќе го напушти својот клуб Ница, а како слободен играч ќе го засили Марсеј.

Скај Италија тврди дека раководството на Ница веќе донело одлука за негово отпуштање, а 28 годишниот напаѓач нема да ја менува лигата, па веќе ќе потпише договор со еден од најголемите француски клубови.

Италијанецот минатата сезона исчезна. Во 10 одиграни натпреври не направи апсолутно ништо, а тренерот Патрик Виера го отпиша од сите комбинации.

Сепак, Балотели по којзнае кој пат доби нова шанса во кариерата, а сега им останува на луѓето од Марсеј да се обидат да го вразумат, со цел да покаже што знае.

Бало во кариерата покрај Ница играше на два пати за Милан, Ливерпул, Манчестер Сити и Интер.