Нишикори го елиминира Ферер од Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кеи Нишикори во 1/8 финалето на АТП турнирот во Мадрид го совлада Давид Ферер во два сета, 2:0.

Во воведниот гем јапонецот направи брејк, 1:0. Нишикори во петиот гем повторно го одзеде сервисот на Ферер, но шпанецот во следниот гем возврати со иста мерка, 4:2. Кеи потоа сервираше сигурно и го доби првиот сет, 6:4.

Без да изгуби поен во петиот гем на сервис на Ферер, Нишикори направи брејк, 3:2. Јапонскиот тенисер во деветиот гем повторно направи брејк кој беше доволен за победа, 6:3.

Во 1/4 финалето Нишикори ќе игра против подобриот од дуелот Лопез – Ѓоковиќ.