Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На седум играчи истекува договорот, некои одлуки се веќе донесени. Шпанскиот тренер знае за ково веќе нема место во клубот. Тешко ќе биде со засилувања.
Пеп Гвардиола одлуката ја донесе и ништо нема да променат последните три меча. Сити има задача да се пласира во Лигата на шампионите, но секако дека тоа нема да влијае на неговото мислење.
Имено, Туре, Клиши, Забалета, Сања, Вили Кабалеро, Навас и Адарабиојо остануваат без договор, поточно им истекуваат обврските.
„Не зависи од последните мечеви, таа одлука е веќе донесена, нема да ја соопштиме пред крајот на сезоната“, рече Гвардиола.
Нема сите да заминат, медиумите шпекулираат дека Навас и Арарабиојо ќе добијат нови договори, додека останатите мораат да го напуштат клубот.
Јасно е дека револуцијата ќе продолжи, што значи дека најмалку петмина ќе нови ќе стигнат во Сити.
„Јасно е дека ќе мораме да платиме повеќе отколку во другите клубови, никој не е глуп, ќе имаме пари од ТВ права, се е сега скапо, некои суми се луди, но ист проблем имаат и останатите клубови“, додаде Гвардиола.
Тој сигурно ќе донесе нов голман, дури се зборува за Донарума, а не доаѓа во предвид да се врати Харт.
Ќе направи се да го купи Бонучи, додека Јувентус сигурно нема да го продаде Алекс Сандро. Коларов останува како лев бек, но ќе му доведе конкуренција.
На десната страна го цели Бељерин, а всушност главен акцент ќе биде на одраната.
Агуеро треба да остане, а во нападот нема да има некои промени, а треба да биде засилен средниот ред со уште еден или двајца играчи.
Во секој случај може да потроши околу 200 милиони фунти, а медениот месец помина, наредната година со сите сили ќе атакува на титулата.