Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на ПСЖ вечерва ја отвараат новата сезона од Лигата на шампиони со тешко гостување на Енфилд каде ќе играат против Ливерпул.
ПСЖ пед неколку дена официјално ги претстави дресовите за Лигата на шампионите под спонзорство на компанијата Џордан, но овие дресови ќе бидат само за продажба додека парижаните ќе играат во дресот на Најк.
Еден од играчите кој ги претстави новите дресови беше Дани Алвеш кој поради повреда на коленото веќе неколку месеци е надвор од теренот. Бразилецот во ПСЖ дојде пред година дена од Јувентус, а тогаш го зема дресот со бројот 32.
Сепак, на рекламите на новите дресови јасно се гледа дека Алвеш одлучи да го промени својот број и во следната сезона ќе го носи дресот со број 13. Тоа не е реткост за бразилецот кој во Барселона често ги менуваше броевите на дресовите.