Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во многу медиуми пред неколку дена се појави веста дека Дарко Станиќ се договорил со управата на РК Вардар и дека следната сезона ќе ја помине во црвено црниот дрес.
Сепак, еден од најдобрите голмани во историјата на српскиот ракомет во изјава за специјализираниот портал за ракомет, „Балкан Хендбол“ истакна дека нема да се пресели во редовите на Вардар.
„Нема ништо од приказните со Вардар. Се вработив во Министерството за млади и спорт, а обврските започнаа минатата недела. Тоа е она со што планирам да се занимавам во иднина“ –коментираше Станиќ.
Сега Самсоненко ќе мора да бара ново решение за замена на Арпад Штербик кој од следната сезона ќе брани меѓу стативите на Веспрем.