Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Втор пат во текот на оваа година натпреварот помеѓу Фјури и Кличко е откажан.
Натпреварот требаше да се оддржи во октомври, а повторно е откажан поради повредата на Фјури кој требаше да ја брани титулата во тешка категорија во Манчестер.
Да потсетиме дека Фјури појасот во тешка категорија го доби минатата година кога на поени победи против Кличко во Германија.
Тој титулата требаше прво да ја брани во јули оваа година, но тој натпревар беше откажан.
Сега Фјури на тренинг го повреди грбот, а оваа вест е соопштена во текот на денот до тимот на Кличко.