Ништо од Родригез: Челси од продажбата на Оскар доведува двајца играчи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Конте сака за 60 милиони фунти, колку што ќе добијат од продажбата на Оскар, ќе доведат двајца нови играчи. Го тврди тоа британски Телеграф.

Иако Чечси е водечка екипа во Премиер лигата со шест бода повеќе од најблискиот конкурент, Конте сака дополнително да ја засили екипата со по еден дефанзивец и играч за врска.

Конте, поради фактот дека Леонардо Бонучи го продолжи договорот со Јувентус, ќе мора да бара алтернативи на стоперската позиција, а меѓу кандидатите се Антонио Рудигер, Симон Кјаер, Мајкл Кин и Никас Шуле, кој пак на лето треба да премине во Баерн.

Мајкл Еменало, заедно со Конте, го следеле натпреварот меѓу Монако и Тотенхем во минатиот месец, со цел да цел да ги оценат квалитетите на бекот Џибрил Сидибе и играчот за врска Риемуе Бакајоко.

Но, Монако остана во ЛШ и ќе биде тешко да ги продобиеш да ги продадат наведените играчи, а Конте на радарот и понатака го има Раџа Наинголан, кој го сакаше да го доведе во текот на летото.

Рома сигурно ќе се спротивстави на негова продажба, но 28 годишниот не ја отфрли множноста да го напушти Рим.