Ни Јунајтед ни ПСЖ: Познато кој клуб прв пробал да го доведе Роналдо


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијан оРоналдо ја изненади фудбалската јавност со одлуката на крајот од минатата сезона да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Јувентус.

После девет многу успешни сезони тој одлучи дека е време за нов предизвик во кариерата, а многумина беа изненадени од неговата одлука да премине во Јуве. Со месеци претходно се пишуваше дека Роналдо би моожел да заврши во Јунатејд или ПСЖ, но никој не го споменуваше Јуве.

Меѓутоа, шпанските медиуми пренесуваат уште пошокантни работи околу трансферот на Роналдо, а тоа дека прв клуб кој го контактирал Роналдо биле Милан. Росонерите први пратиле официјална понуда за Роналдо од 150 милиони евра, но Португалецот едноставно не сакал да оди на Сан Сиро.

После СП тој сам одлучил дека за него е најдобро во Јувентус да оди и лично побарал од раководството на Реал да го пуштат. Кралевите го направиле тоа иако добиле 50 милиони помалку од понудата на Милан.