Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти мастерсот во Мајами


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српскиот тенисер поради повреда на лактот нема да биде во можност да ја брани титулата на вториот мастерс оваа сезона.

После лошата серија резултати, Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти мастерсот во Мајами кој почнува следната недела.

Србинот од Индијан Велс отпатува со приватен лет во Монте Карло наместо во Мајами поради новите прегледи на проблематичниот десен лакт. Ѓоковиќ во текот на натпреварувањето во Индијан Велс имаше големи проблеми со оваа повреда поради која тешко ги враќаше најсилните сервиси.

Бидејќи нема да ја брани титулата на вториот мастерс оваа сезона, Новак ќе изгуби уште 1000 поени, но ќе остане втор. Енди Мареј кој сака да игра во Флорида и има куќа ќе ја зголеми предноста дури и на 5000 поени го освои мастерсот во Мајами.