Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Успехот на хрватските фудбалери на Светското првенство во Русија ги натера управите на големите шпански клубови да се обидат во свои редови да ангажираат барем по еден Хрват.
Хрватите одиграа феноменален турнир и привлекоа голем интерес на себеси, а едне од тие кои најмногу се „промовираше“ беше Домагој Вида.
Неговите феноменални настапи во тандем со Дејан Ловрен не поминаа незабележано и сега шансите да остане во Бешикташ се многу мали. Турците го донесоа бесплатно, а сега можат да го продадат за многу пари.
Досега се споменуваше интересот на Ливерпул, кој нудеше 22 милиони евра, а некои англиски медиуми пишуваа дека Хрватот наскоро ќе пристигне на лекарски прегледи во клубот.
Сепак, турските медиуми денеска пишуваат дека интерес за Вида покажал и каталонскиот гигант Барселона, која ќе се обиде да го победи Ливерпул да го обезбеди потписот на Хрватот.