Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во ноќта од четврток кон петок беа одиграни 6 натпревари во најсилната светска кошаркарска лига.
Денвер во Вашингтон беше поразен со 92:85 додека во останатите натпревари победија Голден Стејт, Торонто, Мемфис, Филаделфија и Чикаго.
Голден Стејт беше подобар од Јута со 106:99 и така дојдоа до 20-та победа во сезоната. Најефикасен играч на натпреварот беше Кари со 25 поени, а го следеше и Дурант со 21.
Во екипата на Јута најмногу покажаа Инглс и Гоберт кој постигнаа 21, односно 20 поени.
Во најинтересниот натпревар Чикаго го победи Сан Антонио со 95:91 со 20-те поени на Вејд. Сан Антониот ниту со 24-те поени на Леонард не успеа да стигне до победата.
Во останатите натпревари, Торонто беше подобар од Минесота со 124:110, Мемфис од Портланд со 88:86 додека Филаделфија како гостин го победи Њу Орлеанс со 99:88.