Новинарите од Србија бесни на Мбапе поради потегот по натпреварот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ синоќа со резултат од 4:1 ja совлада Црвена Ѕвезда и така обезбеди прво место и пласман во осмина финалето од Лигата на шампионите.

Меѓутоа фудбалерите на овој клуб после победата не беа баш расположени за дружба со новинарите барем за оние од српските медиуми.

Српските новинари во микс зоната ги чекаа фудбалерите на ПСЖ, но следеа бројни разочарувања.

Првото им го приреди Мбапе кој не му обрна внимание на новинарот од Б92, само му одмавна со раката и продолжи да оди кон делот каде што беа француските новинари. Таму разговарал најнормално.

И капитенот на ПСЖ Тиаго Силва се однесуваше лошо кон српските новинари, но за разлика од својот помлад колега барем застана пред нив.

Меѓутоа, кога слушна прашање на англиски јазик порача дека не сака да одговара на овој јазик и дека во обзир доаѓаат прашања само на француски јазик.

Сигурно претставниците на српските медиуми, по добро ќе ги помнат ѕвездите на Ливерпул и Наполи, отколку оние на ПСЖ од кои не можеа да добијат никаква изјава.