Новиот Родриго Сени на мета на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишува португалски О Јого, Барселона го следи младиот голман на Бенфика Едерсон Мораес.

Младиот голман брани за младата репрезентација на Бразил која ја води Хулио Цезар, а истотака има двојно државјанство.

Него скаутите на Барселона порано го приметија и сериозно размислуваат за негово доведување во блиско време.

Во оваа сезона за Бенфика Мораес бранеше на 13 натпревари, и прими 10 голови.

Пред Бенфика Бранеше за Сао Паоло, а го нарекуваат новиот Родриго Сени.

Интересно е дека менаџер му е Хорхе Мендеш, кој воедно се грижи за Кристијано Роналдо, Жозе Мурињо и многу  великани на европскиот фудбал.