Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалскиот сојуз на Аргентина го објави денеска списокот на фудбалери за пријателските мечеви против Бразил и Австралија.
Аргентина сеуште нема селектор, а тоа на крајот најверојатно ќе биде тренерот на Севиља Хорхе Сампаоли.
Официјална потврда се чека после што ќе заврши сезоната во Ла Лига, за еден ден.
Новиот список е многу интересен, а на него го нема напаѓачот на Манчестер Сити Серхио Агуеро.
Никој никогаш веројатно немаше да помисли дека тоа можеше да се случи, но Агуеро остана и без тоа место во првиот состав на Сити бидејќи тоа место го препушти на Габриел Жесус.
Освен тоа, новитет е враќањето на Икарди во репрезентацијата, фудбалер кој собра само неколку минути во дресот на националниот тим:
Список на Аргентина:
Голмани: Нахул Гузман (Тугрес), Серхио Ромеро (Манчестер Јунајтед), Героимо Рули (Реал Сосиедад);
Дефанзивци: Николас Отаменди (Манчестер Сити), Емануел Мамана (Лион), Габриел Меркадо (Севиља), Хавиер Маскерано (Барселона);
Среден ред: Евер Банега (Интер), Мануел Ланзини (Вест Хем), Леандро Паредес (Рома), Лукас Биглиа (Лацио), Анхел Ди Марија (ПСЖ), Едуардо Салвио (Бенфика), Гуидо Родригез (Ксолс Тијуана), Алехандро Гомез (Аталанта);
Напаѓачи: Гонзало Игуаин (Јувентус), Паоло Дибала (Јувентус), Лионел Меси (Барселона), Хоаким Кореа (Севиља) и Мауро Икарди (Интер).