Нови победи на Кливленд и Сан Антонио


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Актуелниот шампион во НБА лигата, екипата на Кливленд стигна до 3-та победа по ред во новата сезона.

    Џејмс и неговите колеги стигнаа до победа против Орландо со 105:99.

    https://youtu.be/wYS6rEA2R5I

    Кливленд во последната ¼-на влегоа со предност од 18 поени, но во финишот мораа добро да играат за да дојдат до победа. Леброн Џејмс повторно беше на висина на задачата. Ирвинг постигна 20 поени, а добри игри имаа и Смит и Лав. Најдобар кај гостите беше Фоурнир со 22 поени и 5 асистенции.

    https://youtu.be/w1wje6gQGYY

    Чикаго Булс беше подобар од Индијана со 118:101. Чикаго на полувремето им оддржаа вистинска кошаркарска лекција на гостите и тој период го добија со 62:41.

    Индијана потоа играше многу подобро, но не успеа да се врати во игра. Чикаго одлично ги распореди поените, па така дури 6 играчи имаа двоцифрен број. Кај домашниот тим МекДермот постигна 23 поени, а Батлер постигна 12 поени. Кај гостите најдобри беа Пол Џорџ и Мајлс со по 20 поени.

    https://youtu.be/VZBIlDObZ5U

    Сан Антонио исто така е тим кој стигна до 3 победи во ред откако го победија Њу Орлеанс со 98:79.

    Останати резултати:

    Филаделфија – Атланта 72:104
    Шарлот – Бостон 98:104
    Њу Јорк – Мемфис 111:104
    Денвер – Портланд 113:115
    Милвоки – Бруклин 110:108
    Сакраменто – Минесота 106:103