Нови проблеми за Тотнем: Покетино доби голема казна од ФА! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Тотнем, Маурицио Покетино вербално го нападна судијата Мајк Дин по поразот од Барнли со 1-2, па поради тоа реагираше Фудбалската асоцијација на Англија, која реши да го казни искусниот стратег.

ФА донесе одлука Покетино да биде суспендиран во наредните два натпревари, а покрај тоа, Аргентинецот доби казна и од 10.000 фунти.

Отсуството на Покетино од клупата на Тотнем сигурно ќе има влијание на нивната игра, кој во последно време настапува лошо во Премиерлигата.

Лондонскиот клуб има три меча без победа. Имаат два порази и едно реми и тоа ја загрози нивната трета позиција, која цврсто ја држеа во текот на цела сезона.

Во моментов лондонскиот тим има 61 освоен бод. Само три помалку од нив има четвртопласираниот Манчестер јунајтед, а следуваат Арсенал и Челси, кои имаат четири, односно пет бода помалку.