Ново УЕФА натпреварување! Вака ќе изгледа новата Лига на нациите!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


УЕФА смисли ново натпреварување – Што е Лига на нациите и како таа ќе изгледа?!

Европската куќа на фудбалот донесе уште една иновативна одлука – се основа Лига на нациите и треба да почне во септември 2018 година.

За ова се шпекулираше порано, а УЕФА појасни на кој начин ќе се рангираат екипите, а потоа и ќе го поткрене ова натпреварување.

Важно е да се напомене дека оваа листа на репрезентации по лиги не е конечна, и дека тие ќе се делат во ноември 2017 година, односно кога ќе завршат квалификациите за СП 2018 година.

55 репрезентации се поделени во четири лиги (А, Б, Ц, Д) и тоа според позициите кои ќе ги заземат на крајот на квалификаците на СП 2018 година, но не ФИФА листата веќе на листата на УЕФА.

  • Во Лига ! ќе се натпреваруваат 13 моментално најдобри европски селекции, потоа наредните 12 ќе бидат во Лига Б, наредните 15 во Лига Ц, и на крајот уште 16 репрезентации во Лига Д.
  • Во Лигите А и Б селекциите ќе бидат поделени во четири групи по три селекции.
  • Во Лига Ц ќе има една група од три и три групи од четири учесници
  • Лига Д ќе има четири групи со по четири учесници.
  • Процедурата на ждребот допрва треба да биде потврдена
  • После воведното издание ќе дојде до промоција за влез и испаѓање во понизок ранг.

Вака изгледа моменталното рангирање:

Лига А: Германија, Франција, Португалија, Белгија, Шпанија, Англија, Швајцарија, Италија, Хрватска, Полска, Исланд и Босна и Херцеговина.

Лига Б: Република Ирска, Русија, Австрија, Шведска, Словачка, Велс, Украина, Холандија, Северна Ирска, Чешка, Турција, Унгарија.

Лига Ц :Грција, Романија, Словенија, Израел, Србија, Данска, Бугарија, Албанија, Шкотска, Црна Гора, Норвешка, Литванија, Азербејџан, Кипар, Ерменија.

Лига Д: Естонија, Финска, Белорусија, Грузија, Фарски Острови, Летонија, Македонија, Хазахстан, Молдавија, Луксембург, Косово, Малта, Андора, Сан Марино. Гибралтар.